Романија

Никушор Дан е избран за нов претседател на Романија

19.05.2025 08:39

55 годишниот Дан, кој е градоначалник на Букурешт од 2020 година, се кандидираше како независен кандидат и вети дека ќе се бори против корупцијата...

Никушор Дан е новиот претседател на Романија. Во вториот круг од претседателските избори освои 54,27 насто, додека противкандидатот, евроскептичниот десничар Ѓорѓе Симион освои 45,73 проценти од поддршката на романските гласачи.

„Ова е ваша победа, ова е победа на илјадници луѓе кои водеа кампања овие денови, кои веруваа дека Романија може да се промени во вистинската насока. никогаш не заборавајте на силата што ја покажавте овие недели, бидејќи заедно ќе ни треба кога ќе имаме работи што треба да ги надминеме“, изјави Никусор Дан, новоизбран за претседател на Романија.

55 годишниот Дан, кој е градоначалник на Букурешт од 2020 година, се кандидираше како независен кандидат и вети дека ќе се бори против корупцијата.