Гаши ќе го извести Уставниот суд за поништувањето на изборот на судијката Дуковска
Од кабинетот на Гаши, по оваа одлука очекуваат предлог за нов член на Уставниот суд. Дуковска беше судијка известител во предметот во кој се оспоруваат делови од Законот за употреба на јазиците...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која ги информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се поништува изборот од 2023 година на уставната судијка Елизабета Дуковска. Од кабинетот на Гаши, по оваа одлука очекуваат предлог за нов член на Уставниот суд. Дуковска беше судијка известител во предметот во кој се оспоруваат делови од Законот за употреба на јазиците.
Уставниот суд веќе донесе заклучок дека за овој предмет мора да одлучува во полн состав на судии. Неизвесно е дали со заминувањето на Дуковска, предметот за Законот за јазиците ќе му биде доделен на еден од другите осум судии или ќе го наследи нејзиниот можен наследник.
Од Уставниот суд информираа дека сè уште немаат добиено официјално известување и затоа се воздржуваат од коментар.
