Португалија

Ниту една партија не обезбеди мнозинство во Парламентот во Португалија

19.05.2025 09:16

Централно-десничарска Демократска алијанса победи на општите избори во Португалија во неделата, но не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот...

Актуелната централно-десничарска Демократска алијанса победи на општите избори во Португалија во неделата, но не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

„Европа минува низ период на неизвесност кој бара стратешки одлуки. Светот е опасен, со огромни геополитички, хуманитарни и комерцијални предизвици. Португалија не е имуна на надворешниот притисок. Од нас се бара да бидеме дел од главните одлуки во Европа и светот, но не смееме да престанеме да ја вршиме работата која зависи исклучиво од нас“, изјави Луис Монтенегро, лидер на Демократската алијанса.

Лидерот на Социјалистичката партија Педро Нуно Сантос го прифати поразот и поднесе оставка по предвремените избори.

„Јас ги преземам моите обврски како лидер на партијата, како што сум правел секогаш во минатото секогаш кога мислев дека треба. Затоа ќе побарам внатрешни избори за националниот комитет, решивме да се состанеме следната сабота, кога ќе распишеме внатрешни избори, на кои нема да бидам повторно кандидат“, изјави Педро Нуно Сантос, лидер на Социјалистичката партија.

Третите општи избори за три години ги урнаа надежите дека гласањето може да стави крај на најлошата политичка нестабилност во земјата на ЕУ со 10,6 милиони жители.