Блиски Исток

Израел го продолжува притисокот врз Хамас

19.05.2025 09:52

Израел вели дека врши притисок врз Хамас да се согласи на привремен прекин на огнот ...

Израел вели дека врши притисок врз Хамас да се согласи на привремен прекин на огнот со што би биле ослободени останатите заложници.

„Како што ветивме, почнавме моќна кампања против Хамас. Израелските одбранбени сили едноставно влегуваат со сила во Појасот со двојна цел, да го поразат Хамас и да ги ослободат нашите заложници. Тоа се две цели кои се испреплетени, и ние ќе ги постигнеме и двете“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Нападите изминатите денови ја принудија главната болница во северна Газа да се затвори.