САД

Поранешниот американски претседател Бајден боледува од рак

19.05.2025 10:22

Дијагнозата била утврдена по симптомите со кои се соочувал поранешниот шеф на Белата куќа...

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата кој се проширил на коските, соопшти неговиот кабинет. Дијагнозата била утврдена по симптомите со кои се соочувал поранешниот шеф на Белата куќа.

Бајден има четири децениско политичко искуство во Вашингтон и беше претседател на САД од 2021 до 2025 година.