Кривичен суд

Елвин Куртовиќ повторно на обвинителна клупа

19.05.2025 10:34

Куртовиќ, кој заработи доживотен затвор поради убиството на едно лице кај трговскиот центар Мавровка...

Елвин Куртовиќ, кој заработи доживотен затвор поради убиството на едно лице кај трговскиот центар Мавровка на 20 август минатата година, денеска повторно ќе седне на обвинителна клупа во Скопскиот кривичен суд.

Своевремено го призна убиството, но не призна вина за другите две дела „нелегално поседување оружје“ и „обид за убиство“ на полицајците кои беа во потрага по него на критичниот ден.