мвр

Изминатиот викенд 1.363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење

19.05.2025 11:20

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во деновите од изминатиот викенд (17./18.05.) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење на заштитна кацига.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло.

Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

 

 

 

 

<table 0"="" cellspacing="0" cellpadding="0">