Консултативен состанок за реформската агенда
На Владата и е јасно дека не постои начин да се избегнат уставните измени но тие да бидат последен услов, вели министерот за евроинтеграции Муртезани. Порачува дека не е проблемот дали има нови услови, туку тие да бидат според европски стандарди...

Не можеме да ја промениме преговарачката рамка, но бараме ова да биде последно билатерално условување. Подготвени сме за услови во текот на отворањето на поглавјата за реформите од сите земји членки, но тие да се според европски стандарди, нагласи Муртезани.
Исполнети се пет реформски чекори до февруари годинава вклучувајќи и закон за јавна внатрешна финансиска контрола, подзаконски акти од законот за буџети и за наименување во управните органи на државните компании и кадровските решенија во судството со финансиска поддршка од 17,1 милиони евра. Сепак, за некои реформски закони околу владеењето на правото ќе биде потребно подолго време, а измените на изборниот закон согласно препораките на ОДИХР нема да се донесат пред локалните избори. ЕУ ќе продолжи со поддршка на реформите за приближување на европските стандарди, подобар животен стандард и просперитет пред членството во ЕУ, истакна заменик-шефот на делегацијата на Eвропската комисија во Скопје Бен Нупнау.
Веќе е во финална фаза на подготовска тимот од македонска страна која ќе ги води преговорите со ЕУ за реформската агенда. Во текот на процесот ќе бидат вклучени и невладините организации како контролен механизам за спроведувањето на реформите. ЕУ издвои 750 милиони евра за Македонија од планот за раст за спроведување на реформите.
Ирина Гелевска
