Со средствата од договорот за партнерство со Велика Британија ќе се обновува железницата на Коридор 10
По договорот за стратешко партнерство на Македонија и Обединетото Кралство, институциите обелоденуваат кои се придобивките за нашата земја. Според директорот на Македонски железници-инфраструктура, бенефитот за граѓаните, ќе биде модернизација на железницата од Коридор 10...

Инвестициите во инфраструктурата, особено во Железницата на Коридорот 10, остануваат сериозен предизвик на Владата, откако се стави потпис на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Според директорот на МЖ Инфраструктура, целосно ќе се обнови постојната траса на пругата за возовите да возат со брзина од 160 километри на час за патничкиот сообраќај. Ќе се изгради и нова пруга со два колосека.
Паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и Железничката станица во Скопје.
Предвидено е и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје, односно изведувачот во исто време да проектира и да гради.
Лидерот на СДСМ, Филипче обвинува дека ова е историско задолжување од 6 милијарди евра за граѓаните, а Владата ги крие деталите.
Со модернизацијата на железничкиот сообраќај, земјава ќе се бетонира како најдобриот, најбрзиот и најисплатливиот железнички сообраќај од грчките пристаништа до европските дестинации. Целата инвестиција се очекува да трае околу 5 години.
Борис Грујоски
