Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на криминалниот блок
За едни се ситни партијата, други се зголемува. Владината коалиција останува стабилна, а партнерите „Вреди“ очекуваат дека бродот на Таравари и натаму ќе се ниша. Премиерот Мицкоски вели дека ексминистерот за здравство одлучил да се приклучи на блокот на криминалот. Таравари им порача дека силите ќе ги измерат во октомври. Во следните денови се

Реалната политика е работа на можното – вели премиерот Христијан Мицкоски откако функционери од Владата му го свртеа грбот на нивниот претседател од крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Има уште многу да направиме за граѓаните и државата, а народот сега може да бира меѓу два блока, рече премиерот Мицкоски.
Вице премиерот Арбен Фетаи и министерот за европски прашања Орхан Муртезани со остар тон кон Таравари. Револтот кај членството е голем и одлучни се да не завршат кај Ахмети и ДУИ, вели Муртезани.
„Патот на Арбен Џафери не поминува покрај Владата, повикувајќи 20%“, пишува Таравари на социјалните мрежи.
„Патот на промените не поминува со продажба на позицијата на пратеникот да стане амбасадор во Арабија. Патот на достоинството не поминува покрај заминување од партијата за министерско место. До крај. Се гледаме во октомври“, напиша Таравари.
Неделава работите ќе бидат појасни посочува Мицкоски, бидејќи ќе оствари средба со лидерите од вреди. Во меѓувреме, оставка од позицијата заменик министер за одбрана поднесе Елефете Исмаили која го поддржува Таравари.
Од друга страна, првиот социјалдемократ Венко Филипче најави средба со Таравари. Останува на тврдењето дека Владата не остварува резултати, а тоа според него ќе го покажат изборите наесен.
СДСМ води нихилистичка политика дека се што прави оваа влада не чини – реплицираше Мицкоски кој вели, СДСМ може да освојат максимум четири општини на локалните избори.
Миле А. Ристески
