Од утре специјалисти во Кочани ќе прават проценка на повредените
Специјалисти од скопските клиники од утре ќе ја утврдуваат состојбата на секој повреден во дискотеката „Пулс“ посебно, најави заменик-министерот за здравство. Останаа уште 11 пациенти кои се лекуваат во странските земји. Тројца се лекуваат на Клиниката за пластична хирургија во Скопје...

Специјалисти од скопските клиники од утре, во наредните неколку дена ќе првата евалуација на повредите на повредените во кочанската дискотека, со цел да видат каков третман и рехабилитација е потребна кај секој пациент поединечно.
Од повредените во моментот 18 се со изгореници за кои е потребно болничко лекување, хируршки третмани, 7 се во здравствените установи во Скопје. 11 во странство. 40 од се на физикална терапија во кочанската болница, триесетина се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити.
Директорката на Пластична хирургија вели, сите пациенти имаат телефонски броеви до лекарите кои се грижеле и се во постојана комуникација за се што имаат потреба.
Надлежните ќе го поканат тимот од Израел да го даде своето мислење за грижа на овие пациенти.
Од 200 повредени, 115 беа во странство, од нив се само уште 11 останаа.
Наташа Јанчиќ – Менковски
