Македонија

ЕБОР: Значителен напредок во зелената транзиција и развојот на инфраструктурата

19.05.2025 19:11

Забелешките во извештајот на Европската банка за обнова и развој се за демографските предизвици и трипати помалата продуктивност од европското ниво...

Значителен напредок во зелената транзиција, развојот на инфраструктурата и финансискиот пристап на компании и поединци е оценката на Европската банка за обнова и развој во извештајот за транзиција на Македонија.

Забелешките се за демографските предизвици и трипати помалата продуктивност од европското ниво. Проекциите за растот се 2,6 поради најавените тарифи на САД.

Препораките се поголема инклузија и конкурентност на економијата. Три милијарди евра досега се слеале од оваа финансиска институција во околу 200 проекти.