Македонија
Искршени фотографиите од загинатите штипјани од кочанската дискотека
19.05.2025 18:44
Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанската дискотека, кои беа поставени на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанската дискотека, кои беа поставени на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Од СВР Штип информираат дека засега не можат да интервенираат и да спроведат истрага против непознатиот сторител или сторители, бидејќи до нив не е доставена пријава.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.
Фото/ Извор: МИА
