Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
20.05.2025 08:14
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.
