Франција испраќа оружје на Курдските сили во Ирак

13.08.2014 19:53

Франција  во договор со властите од Багдад за неколку часа треба да им испрати оружје на Курдските сили во Ирак за да им помогне во борбата против џихадистите на ИДИЛ. Иако претходно ЕУ не успеа да договори заеднички став за испраќањето оружје, сепак им дозволи на земјите членки поединечно да ги вооружат Курдите во координација со властите во Багдад.

САД испратија уште 130 воени експерти на северот во Ирак, коишто, според зборовите на американскиот секретар за одбрана, Хегел, ќе ја проценуваат хуманитарната состојба, но нема да учествуваат во воените операции.