трка

Иџе го освои второто место на Европскиот шампионат на ридски патеки

20.05.2025 10:57

На последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), Игор Стефановски Иџе го освои второто место. Трката во Шпанија за него беше трка за паметење.

Во Шпанија, на последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), Игор Стефановски Иџе го освои второто место. Трката во Шпанија за него беше трка за паметење.

„Изгубено е првото место за 0,8 стоти делови од секунда. Тоа докажува какви се овие трки, неизвесност до самиот крај, борба при секоја кривина за што подобар пласман. И покрај тоа што во првото и во третото возење, имав најдобро време и прва позиција од сите натпреварувачи, за жал, во второто возење направив грешка, која нè чинеше позиција на пиедесталот. Секако, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од трката која помина. Огромен успех за мене и за Македонија е да се биде на еден ваков натпревар со 100 натпреварувачи“ вели Стефановски.

Иџе додава дека е вистински горд што публиката во Шпанија го дочекала величествено, како трикратен европски шампион.