Кошарка

Тешка победа над Данска, за лесен пат кон Белорусија

13.08.2014 21:28

Македонија триумфира со скромни 81:75 на гостувањето кај Данска, во меч во кој што очекувавме рутинска, но не ја обезбедивме победата се до последните секунди.
 
Домаќинот покажа многу енергија, со која што беше надополнет недостатокот на талент кај Данците. Пресудна за победата беше разликата во класа меѓу двете селекции, но ова е меч од кој што треба да се научи лекцијата на модерниот спорт, денес сите играат кошарка.
 
Војдан Стојановски, Дарко Соколов и Марко Симоновски постигнаа по 12 поени, Хендрикс имаше 7 скокови, Бојан Трајковски 4 асистенции.
 
Селекторот Џикиќ изјави дека нема време за многу анализи, но дека мора да се заборави овој натпревар, пред гостувањата кај Белорусите на 17-ти и кај Белгијците на 20-ти август.
 
По две кола, Македонија е на врвот во групата Д, со максимални 4 бода.