Тенис

Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП турнирот

20.05.2025 11:18

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот „Macedonian Open“. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата...

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот „Macedonian Open“. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата.

Секако за одбележување беше настапот на турнирот во Опатија кога преку квалификациите (три кола) успеа да стигне до финалето што значи дека одигра осум мечеви и забележа седум победи. Но, настапот во Скопје пред домашната публика е секако мотив за добар резултат. Тениската и спортска публика секако ги памети мечевите кога Ивановски пред две години триумфираше на фјучрс турнир во Скопје.

Во првото коло Ивановски за ривал го има хрватскиот тенисер Мили Пољичак, осми носител, кој во 2022 година беше победник на јуниорскиот турнир на Вимблдон.