САД

Се утврдуваат штетите од невремето во Канзас и Тексас

20.05.2025 15:18

Централниот дел на САД зафатен од невреме, проследено со торнада кое предизвика големи материјални штети во сојузните држави Канзас и Тексас...

Централниот дел на САД зафатен од невреме, проследено со торнада кое предизвика големи материјални штети во сојузните држави Канзас и Тексас.

Властите соопштија дека училиштата ќе останат затворени до крајот на неделата додека се утврдуваат штетите од невремето кое доаѓа само неколку дена откако делови од американскиот Среден Запад и Југ беа зафатени од налетот бури кои одзедоа над 20 животи во Кентаки и Мисури.