Шпанија

Нов масовен колапс во Шпанија, паднаа мобилните мрежи

20.05.2025 12:19

Во Шпанија од изутрината сите мобилни оператори престанаа да работат создавајќи хаос во поголемите градови...

Шпанија повторно во проблеми поради прекин на електричната енергија во земјата. Од изутрината во 5 часот сите мобилни оператори престанаа да работат создавајќи хаос во поголемите градови.

Надлежните власти потврдија дека се работи на обновување на услугите. Иста ситуација се случи пред еден месец кога прекините во струјата речиси целосно ги парализираа Шпанија и Португалија.