Понуди за посредништво на патот кон ЕУ
Сиљановска отвора фронт, никој нема мандат да преговара зад грбот на народот. Обвинува дека политичари од претходната гарнитура сами потпишувале обврски, а сега е тишина. Претседателката бара одговорност за преговорите со ЕУ ...

Никој не се нуди за репреговарање на преговарачката рамка односно протоколите, вели претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова. Дополни дека воопшто не рекла дека преговарачката рамка ја потпишал ексминистерот Бујар Османи. Тоа не е наш акт. Тоа е на советот на ЕУ.
Во однос на протоколите тие се потпишани од Димитров и Бујар Османи. Според претседателката, преземени се обврски спротивни на законот за надворешни работи каде што се нотира надворешната политика. Ја креира Собранието, а втор човек е претседателот.
Затоа како што рече шефицата на државата таков документ кој создава обврски за нас, не може сам да одлучи некој да го прифати и потпише. Затоа, низ призма на законот треба да се консултира Собранието, додаде претседателката Сиљановска.
Претседателката Давкова откри дека Австрија се нуди да биде медијатор меѓу Македонија и Бугарија, додека пак, источниот сосед не прифатил измена на условите и уставни измени со одложено дејство.
Таа одговорно тврди да се бара од една држава да го смени Уставот е спротивно на европските принципи, бидејќи таму стои дека ќе се почитува националниот и културниот идентитет.
Игор Панов
