Ден на македонските пожарникари

ТППЕ Битола одбележа 189 години постоење

20.05.2025 12:58

На 20 мај 1836 година, после големиот пожар кој го зафатил градот, е формирана првата противпожарна служба во Битола. Овој датум е прогласен за Ден на пожарникарите во Македонија. Оваа година се одбележаа 189 години. На почетокот работела со само 15 вработени и една противпожарна пумпа, денес на истата локација со половина од предвидениот број пожарникари и 14 противпожарни возила, покрива површина од околу 1.500 метри квадратни...

Битолската територијална противпожарна единица е првата и најстара организирана противпожарна служба во Македонија, но и на Балканот. Формирана со акт на румелискиот валија на 20-ти мај далечната 1836-та, во времето кога владеел турскиот султан Махмуд Трети, после големиот пожар кој го зафатил градот, денес одбележува 189 години постоење

Тогашната ППЕ имала само 15 вработени пожарникари, шеф на единицата бил муслиман, а останатите 14 вработени-Македонци, луѓе од рајата. На почетокот од опрема имала само со една противпожарна пумпа.

Од тогаш до денес работи континуирано без прекин на истата локација. Ја покрива територијата на Битола, заедно со општините могила и новаци, со вкупна површина од околу 1.500 метри квадратни. Возниот парк располага со цистерни, теренски и навални возила, во доволен број, но поголемиот дел од нив се застарени.

Битолскиот регион е познат по големиот број пожари на отворено за време на летниот период. Во 2024-та регистрирани се вкупно 551 интервенција, а од почетокот на годината 229, за справување со овие појави потребен е и поголем број на пожарникари. Моментално располага со 37 вработени, што е половина од потребниот број на пожарникари

По речиси две децении битолските пожарникари ќе добијат нова противпожарна зграда, првата фаза е завршена, доколку се продолжи со предвидената динамика би била готова до крајот на годината

Со недостаток на пожарникари се соочува целата држава, моментално има околу 900 пожарникари скопската пожарна располага со вкупно 180 вработени, односно по 40 вработени во смена, а годишно има над 2.000 интервенции.

Александра Максимовска