Македонија

52 насто од вработените во Министерството за одбрана и Армијата се жени

20.05.2025 16:56

Во рамките на реформите на безбедносниот сектор, одбраната направи прва родова самопроценка која покажала дека 52 проценти од вработените во Министерството за одбрана и Армијата се жени. На вистинскиот пат сме, но за време на мојот мандат да стане и жена генерал, вели врховната командантка...

52 проценти од вработените во Министерството за одбрана и Армијата се жени, покажала спроведената родова самопроценка. За првпат имаме и жена врховен командант, но постои простор за подобрување на родовата рамноправност во државата. Претседателката Сиљановска-Давкова за време на својот мандат сака да назначи и прва жена генерал.

Македонија е меѓу ретките држави која има родов акциски план 2024-2028 за Министерството за одбрана и Армијата кој треба да ја подобри состојбата со родовата еднаквост во безбедносниот сектор.

Поголемо учество на жените придонесува за одржување на високата доверба што граѓаните ја имаат во Армијата и ќе подигне угледот на државата како земја што има највисоки критериуми за рамноправност меѓу жените и мажите.

Македонија ќе иницира формирање на НАТО регионален центар за извонредност во земјава.

Ирина Гелевска