Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави, се шверцувала стока, патни исправи, храна, а најмногу возила
Поднесени се 85 кривични пријави, се шверцувала стока, патни исправи, храна, а најмногу возила во текот на изминатата година, откри Царинската управа.Директорот Бобан Николовски смета дека се потребни засилени контроли за целосно сузбивање на криминалите со половни возила, злоупотреби и измами со увози на храна, чија цел била неплаќање давачки...

За неполни пет месеци Царинската управа поднела дури 85 кривични пријави, еднакво на бројката на кривични пријави поднесени во тригодишниот период од 2020 до 2022 година. Директорот Бобан Николовски смета дека се потребни засилени контроли за целосно сузбивање на криминалите со половни возила, злоупотреби и измами со увози на храна, чија цел била неплаќање давачки, со што е нанесена штета врз државниот буџет.
Николовски посочи обид за нелегален увоз на половно возило „мерцедес“, за кое се избегнати давачки од 450.000 денари. Истиот е запленет, поднесени се кривични пријави против девет луѓе. Нелегално работеле една шпедиција од Скопје и една лоцирана на Блаце, нотар, тројца царински службеници и еден полицаец. Организираната мрежа користела фалсификувана документација.
Паралелно, директорот откри и дека во неколку контроли на увоз на месо остварена е наплата од 178,9 илјади евра.
Сите кои работеле нечесно ќе се гонат кривично, а за еден сторител ќе биде поднесена и прекршочна пријава.
Борис Грујоски
