Се зајакнува медицинската поддршка на кочанската болница
Медицински екипи од скопските клиники во кочанската болница деновиве вршат евалуација на здравствената состојба на повредените во пожарот во Кочани кои се на домашно лекување. Четириесеттина пациенти добиваат физикална терапија, а околу 70 секојдневно одат на преврски во болницата во Кочани...

Дарко Златев со изгореници на двете раце и со трансплантација на кожа после 40 дена лекување во Белград, десет дена е на физикална терапија во Кочани. Задоволен е од напредокот од терапијата и од посветеноста на медицинскиот персонал, но не и од условите во болницата.
Преврски вршат двајца хирурзи, четири инструментарки и кадар од Клиниката за пластична хирургија. Зголемениот број пациенти бара кадровски зајакнувања од медицински сестри, физикални терапевти и сертифициран кадар за употреба на хипербаричната комора.
Потребен е барем уште еден тим за медицинска рехабилитација, вели директорката, но треба и повеќе помагала за работа со пациентите.
Славица Величковска
