Уставен суд ги укина измените на Изборниот законик
Нема веќе бариери за независните, Уставен суд ги укина измените на Изборниот законик, независните кандидатски листи ќе може да одат на избори со 1.000 потписи од изборна единица. Гласот на обичниот граѓанин не е заложник на прагови, судска одлука ја враќа еднаквоста во изборниот систем.

Уставен ги укина одредбите од Изборниот законик кои подразбираа дека независните кандидати и листи треба да обезбедат потписи во висина од најмалку 1 процент од запишаните избирачи во општината или изборната единица. Но, тоа не значи дека по автоматизам се враќа старото законско решение. Од Уставен објаснуваат дека на потег се законодавците – да донесат нови измени, во спротивно ќе направат тешка повреда на политичкиот плурализам.
Поранешната пратеничка и лидерка на ДОМ Лилјана Поповска вели дека потегот на Уставен е победа на демократијата.
Во меѓувреме, највисокиот суд во земјава остана со судија помалку, откако Управен пресуди дека изборот на Елизабета Дуковска е незаконски. Нејзините колеги, пропустите ги лоцира во Собранието и во Судскиот совет кои требале грешката да ја исправат навреме.
И шефицата на државата Силјановска-Давкова констатира дека е направена грешка при изборот на Дуковска и вели дека одлуките на Судот, донесени во нејзиниот мандат не смеат да се проблематизираат.
Анита Димитријевска - Велковска
