Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
Собранието ги констатираше оставките на министерот Арбен Таравари и замениците министри Беџети и Исмаили. Следната недела новите имиња на министерот за здравство и на замениците министри за земјоделство и одбрана ќе бидат доставени до Собранието – вели премиерот Мицкоски...

Најдоцна следната недела новите имиња на министерот за здравство и на замениците министри за земјоделство и одбрана ќе бидат доставени до Собранието – вели премиерот Мицкоски. Во меѓувреме го чека предлогот од коалициските партнери од „Вреди“.
Еден од лидерите во „Вреди“ Билал Касами посочува дека за нив местото здравство е исклучително важно бидејќи дале ветувања пред граѓаните. Потенцираше дека за новите имиња во владата веќе има консултации со премиерот.Сите од крилото на Таравари се добредојдени во „Вреди“, вели Касами.
Во меѓувреме од функционерската позиција со оставка се повлече и националниот координатор за имплементација на нови технологии, Блерант Рамадани кој останува во крилото на Таравари.
А пратеничката група на „Вреди“ брои 9 мина, но со верификација на мандатот на новата пратеничка која доаѓа на местото на Салим Сулејмани кој поднесе оставка бројката е поголема, но веруваат дека и други пратеници ќе им се приклучат.
Таравари по тврдењата дека само сака самостоен настап на локалните избори, сепак заврши во опозиција незадоволен од потезите на Владата.
Миле А. Ристески
