Македонија во жолта фаза- лекарите предупредуваат на внимателност
Продолжуваат високите дневни температури, а со тоа и високата вредност на УВ индексот. Лекарите предупредуваат на внимателност...

Македонија и денеска е во жолта, алертна фаза. Продолжуваат високите дневни температури, а со тоа и високата вредност на УВ индексот. Лекарите предупредуваат на внимателност.
Министерството за здравство соопшти дека населението треба да ги почитува општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната. Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат од лекар препишаната терапија и без неопходна потреба да не излегуваат надвор од домовите.
Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонерзи, сладолед и сл).
Тропските горештини се најавуваат до сабота.
