Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче
Ново рочиште во скопскиот Кривичен суд за грабнувањата и свирепите убиства на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, извршени на 22-ри и на 27-ми ноември 2023-та година. Треба да се изведуваат нови докази на Јавното обвинителство...

Ново рочиште во скопскиот Кривичен суд за грабнувањата и свирепите убиства на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, извршени на 22-ри и на 27-ми ноември 2023-та година. Треба да се изведуваат нови докази на Јавното обвинителство. За злосторствата им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, поранешен претседател на партијата ДЕСНА и на неговите сопартијци Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
На Александар Ѓорчевски пак, му се суди за помагање во киднапирањето на неговата ќерка Вања.
