Украина

Нови напади на украинскиот фронт

21.05.2025 09:00

Нови напади на украинскиот фронт додека разговорите за прекин на огнот тапкаат во место...

Нови напади на украинскиот фронт додека разговорите за прекин на огнот тапкаат во место. Зеленски подготвен за секаков формат на преговори што носи резултати. Нагласува-ако Москва продолжи да поставува нереални услови и да го поткопува напредокот, последиците мора да бидат сериозни. Благодарен е на сите што ги заоструваат санкциите против Русија и ги повика САД да не откажуваат од мировниот процес.

„Дипломатијата е посилна кога сме обединети. Важно е Америка да продолжи да учествува во процесот на приближување на мирот. Америка е она од што се плаши Русија, и нејзиното влијание може да спаси многу животи ако го притисне Путин да ја заврши војната“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.

И покрај повиците до САД да го зголемат притисокот врз Москва, Трамп вели дека тоа ќе биде негова одлука и дека сè уште не решил што ќе прави.

„Тоа ќе биде моја одлука и ничија друга. Ќе видиме како ќе се однесува Русија. Ќе видиме што ќе се случи. Знаете, имаме прилично критичен период во моментов“, изјави Доналд Трамп - претседател на САД.

Брисел воведе 17-ти пакет санкции за Москва најавувајќи нов уште посилен, доколку Путин не се согласи на прекин на огнот.