Израел продолжи со напади врз Појасот Газа
И покрај притисокот од Западот властите не се откажуваат од проширената копнена офанзива, најавувајќи дека дополнително ќе ја прошират, сè додека не постигнат договор со Хамас...

Израелските сили продолжија со напади врз појасот Газа. И покрај притисокот од Западот властите не се откажуваат од проширената копнена офанзива, најавувајќи дека дополнително ќе ја прошират, сè додека не постигнат договор со Хамас.
„Ќе ја прошириме копнената операција и ќе заземеме дополнителни територии. Ќе продолжиме да ја уништуваме терористичката инфраструктура. Хамас има една опција-да ги ослободи нашите заложници. Тие се одговорни за почетокот на војната и за состојбата на луѓето во Газа“, изјави Ејал Замир – началник на генералштабот на Израел.
Во истовреме, по речиси тримесечна блокада Тел Авив дозволи влез на десетици камиони со хуманитарна помош.
