Потребна е стручна заштитата на грозјето!

14.08.2014 10:39

Пепелницата ги пеплоса лозарите. Иако го искористија целото искуство, годинава тие ја изгубија битката. Стихијната заштита на насадите треба да се замени со стручна преку следење и сузбивање на болестите...

Преполовен родот на лозарите. Иако го употребија целото досегашно искуство и голем број препарати, болестите и врнежливото време само им ги зголемија трошоците.

Со изменети климатски услови е неопходна едукација, велат лозарите. Сметаат дека за заштита на насадите треба да се отвори регионален центар за совети за третирањето на лозјата со пестициди, за да знаат кога и со што да прскаат.

Лозарите ќе бидат обврзани сите одеднаш или во определен рок да го извршат третирањето со заштитни средства  со што болестите нема да се пренесуваат од една на друга плантажа како досега.

 

Методија Трајков