ЕУ-Сирија
ЕУ реши да ги укине санкциите против Сирија
21.05.2025 09:54
ЕУ реши да ги укине санкциите против Сирија за да им дозволи на властите да изградат нова, инклузивна и мирна земја...

ЕУ реши да ги укине санкциите против Сирија за да им дозволи на властите да изградат нова, инклузивна и мирна земја-соопшти шефицата на европската дипломатија. Одлуката на Брисел, доаѓа непосредно откако САД објави дека ги укинува санкциите за Дамаск.
„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската Унија секогаш стоела со Сиријците во последните 14 години и така ќе продолжиме“, изјави Каја Калас – министерка за надворешни работи на ЕУ.
