Симион го оспори изборниот резултат од повторените претседателски избори во Романија
Лидерот на романската крајна десница, Георге Симион реши да го оспори изборниот резултат од повторентие претседателски избори пред Уставниот суд...

Лидерот на романската крајна десница, Георге Симион реши да го оспори изборниот резултат од повторентие претседателски избори пред Уставниот суд. Иако го призна поразот од Никушор Дан, сега тврди дека има неспорни докази за странско мешање во гласањето, наведувајќи ги Франција, Молдавија и други актери.
„Ќе ги оспориме изборите пред Уставниот суд од истите причини поради кои ги поништија изборите во декември. Сега имаме неоспорни докази за вмешаноста на Франција, Молдавија и други актери, во оркестриран обид за манипулирање со институциите, насочување на медиумските наративи и на крајот наметнување резултат што не ја одразува суверената волја на романскиот народ“, изјави Георге Симион – лидерот на Алијанса за обединување на Романците.
