Свет

САД добиваат најсовремен систем за одбрана против глобалните ракетни закани

21.05.2025 20:36

Трамп го претстави амбициозниот проект вреден 175 милијарди долари кој треба да биде готов до истекот на неговиот мандат...

САД добиваат „Златна купола“-најсовремен систем за одбрана против глобалните ракетни закани, вклучувајќи балистички и хиперсонични ракети, базиран во вселената.

Трамп го претстави амбициозниот проект вреден 175 милијарди долари кој треба да биде готов до истекот на неговиот мандат.

Огромните трошоци за системот инспириран од израелската „Железна купола“, предизвикаа загриженост за одржливоста и буџетските приоритети во следните 20 години кои претседателот ги правда со тоа што земјата ќе ја добие најдобрата заштита од напредни закани.