МВР

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувал возило по дејство на алкохол

21.05.2025 09:17

Вчера во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип, информираат од МВР...

Вчера во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип, информираат од МВР.

При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „Опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението.