мвр
Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал
21.05.2025 10:33
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
