МВР

Голема полициска акција низ Скопје, се вршат претреси на пет локации

21.05.2025 10:30

Полициска акција под кодно име „Бункер“. Акцијата почна под раководство на предметниот обвинител...

Полициска акција под кодно име „Бункер“. Акцијата почна под раководство на предметниот обвинител.

Единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје. Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Со повеќе информации Обвинителството ќе излезе во текот на денот.