мвр

Лишен од слобода штипјанец, управувал возило со 1,76 промили алкохол во крвта

21.05.2025 10:38

Вчера во 04.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.З.(20) од Штип

Вчера во 04.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.З.(20) од Штип, информираат од МВР.

При сообраќајна контрола на ул. „Партизанска“ во Штип е сопрено патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,76 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението.