Австралија

Големи поплави предизвикани од обилни дождови долж источниот брег на Австралија

21.05.2025 11:53

Најтешко погодени се градовите Тари и Вингам.Луѓето заробени на покриви се евакуираат со хеликоптери и чамци...

Обилни дождови предизвикаа големи поплави долж источниот брег на Австралија. Најтешко погодени се градовите Тари и Вингам.

Околу 1.600 лица од итните служби се распоредени за да помогнат во спасувачките напори. Луѓето заробени на покриви се евакуираат со хеликоптери и чамци.

Реката Менинг достигна историско ниво од над 6 метри, кое продолжува да расте. Училиштата се затворени, а има и прекини на струјата. Во неколку области метеоролозите издадоа предупредувања за поплави опасни по живот.