Скопје

Градоначалничката Арсовска реагира на дивоградба во Чаир

21.05.2025 13:22

Арсовска бара одговори од нејзиниот колега, Висар Ганиу за објект што во моментот на диво се гради во неговата општина. Таа, заедно со нејзиниот тим на соработници излезе на терен и ги повика институциите да реагираат...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска бара одговори од нејзиниот колега, Висар Ганиу за објект што во моментот на диво се гради во неговата општина. Таа, заедно со нејзиниот тим на соработници излезе на терен и ги повика институциите да реагираат.

Целиот настан го пренесуваше во живо на Фејбсук. Арсовска рече дека институциите не постапуваат, иако дивоградбата си никнува, без да има одобрение за градба, проект, платени комуналии. 

„Општина Чаир ја нема никаде, а зградата се гради без никаков документ што ќе гарантира сигурност“, кажа Арсовска, која се расправаше и со работниците кои ги затекна на самото место. На терен беше и полицијата.