Повеќе домашни и една странска компанија заинтересирани за парцели во зоната „Каласлари“

14.08.2014 11:05

Денес ќе се знае колку парцели од индустриската зона Караслари кај Велес ќе бидат продадени. Неофицијално се дознава дека предничат домашните компании. Локалната самоуправа со големи очекувања за заживување на економијата, а граѓаните за нови вработувања...

Локалната власт и жителите на Велес со големи очекувања од продажбата на понудените шест парцели во индустриската зона Караслари. Почетната цена од едно евро за квадратен метар но и местоположба ја прави оваа зона атрактивна за инветситорите.

„Мислам дека за секој плац ќе има понудувач, досега до петокот од  шест плацеви за пет   имаше заинтересирани, поединци и компании“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

МРТ неофицијално дознава дека осум домашни и една странска компанија се заинтересирани за  купување на парцели во зоната. Од локалната самоуправа оваа информација ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат. Велат најважно е парцелите да се продадат, да започне градба на индустриски објекти во кои ќе се развива незагадувачка индустрија. Повеќе странски инвеститори отколку домашни ова е прогнозата на анкетираните велешани.

„Домашни мислам дека нема да има многу, странските имаат повеќе поволности“.

Ако се пријават странски, сигурно тие ќе ги купат“, велат анкетираните велешани.

Дали парцелите од државна сопстевност ќе преминат во приватна ќе се знае за помалку од 24 часа, велат економистите кои се децидни, локалната економија ќе јакне само преку иградба на фабрики во индустриските зони.

Од општина Велес откриваат- започнати се активностите за изградба на нова индустриска зона кај селото Мамутчево.

 

Дијана Иванова