Претседателка
Предлог за нов гувернер на Народна банка
21.05.2025 13:23
Шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка...

Шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка. Пред неколку дена соопшти дека разговарала со тројца кандидати за гувернерската фотелја. Посочи дека сите се добри кадри и ја заслужуваат таа позиција. Но денеска ќе го соопшти името, за кое се одлучила.
Известува Марина Стојанова – Тонева.
