Обединето кралство

Мицкоски: Шест милијарди евра ќе бидат потрошени во инвестиции

21.05.2025 17:36

Во Лондон утре стратешкиот договор со Обединетото кралство ќе го потпише вицепремиерот и министер за транспорт Николовски. Тежи шест милијарди евра првата транша вредна 2,2 милијарди ќе се троши за реконструкција на болници и за железницата, социјалдемократите остануваат на ставот дека нема информација за 6-те милијарди евра...

Од договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство сè ќе биде објавено и ништо нема да е класифицирано или донесено под европско знаменце. Јавноста ќе има увид во секој потрошен цент-уверува премиерот Христијан Мицкоски.

6-те милијарди евра ќе бидат потрошени во инвестиции, а јавноста ќе има во увид во се што се гради.

Социјалдемократите остануваат на ставот дека нема информација за 6-те милијарди евра, но и прашува дали е договорено отворање мигрантски кампови.

Премиерот Мицкоски вели, ги разбирам, немаа ниту визија ниту резултати додека беа на власт, па сега измислуваат теми.

Парите ќе се трошат на изградба на инфраструктурни проекти, брза пруга, Медицински факултет, изградба на Клинички центар во Штип, реконструкција на тетовската болница и нова во Кичево.

 

Миле А.Ристески