Нови напади, но и нови пет дена примирје помеѓу Израел и Хамас

14.08.2014 11:18

Неименуван извор од Израел изјавил дека земјата се согласила на примирје, но и дека на војската и е наредено да возрврати во случај примирјето да се прекрши...

Израелската армија нападна цели во Појасот Газа како одговор на огнот врз Израел, кусо откако палестинските власти соопштија дека примирјето е продолжено за пет дена.

Неименуван извор од Израел изјавил дека земјата се согласила на примирје, но и дека на војската и е наредено да возврати во случај примирјето да се прекрши.

Хамас, којшто го контролира Појасот Газа, пак, негира дека имало ракетирање преку границата.