Дента кога е убиен Панче бил во Скопје и точел гориво на бензинска, тврди Палевски
Со дополнителни докази пред судот, обвинетите за убиството на Вања и на Панче влегуваат во финиш на процесот. Обвинетиот Палевски тврди дека дента кога е убиен Панче, бил во Скопје и точел гориво на бензинска, а доказ за тоа е изводот од трансакциската сметка...

Со дополнителни докази пред судот, обвинетите за убиството на Вања и на Панче влегуваат во финиш на процесот. Обвинетиот Палевски достави листинзи за платен паркинг во Центар за да докаже дека е невозможно за 30-40 минути оттаму да стигне до Велес и да биде регистриран од видеонадзорот на Боре Видевски. Тврди и дека дента кога е убиен Панче, бил во Скопје и точел гориво на бензинска, а доказ за тоа е изводот од трансакциската сметка.
Адвокатот на Боре Видевски бара како доказ да се изведат видеозаписи од безбедносни камери на две бензински пумпи во Велес. Тврди дека на нив е забележан Панче Жежовски во време, кога според обвинителството веќе би требало да биде убиен.
Претходно, обвинителството изведе дополнителни докази во форма на видеоснимки кои според нив покажуваат дека обвинетите се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на луѓе.
Анита Димитријевска – Велковска
