Земјоделство

Договорена e откупната цена на компирот во струмичко

21.05.2025 17:51

Во струмичко, министерот за земјоделство постигна договор со откупувачите за откупната цена на компирот. Таа во наредните 10 дена ќе биде зголемена за 20 отсто. Само со разговори и договори може да се постигне стабилно производство и откуп, дециден министерот Трипуновски...

Откупната цена на компирот ќе се зголеми за 5, и во наредните 10 дена ќе се откупува по 35 денари за килограм. Ваков договор постигнаа откупувачите на средбата со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, откако градинарите почнаа да реагираат за намалување на цената.

Со разговори и договори со земјоделците и откупувачите може да се очекува сигурен откуп. Така беше со зелката, а сега и со младиот компир- кажа министерот. Според него, досега од извозот во земјава се слеани 32 милиони евра само од пласманот на зелката.

Во струмичко заврши бербата на пролетната зелка, а во моментов во ек е собирањето на младиот компир кој годинава е засеан на 20 отсто повеќе површини, за разлика од лани.

 

Ване Трајков