Здравство

Ќе се реновира Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје

21.05.2025 17:00

Комплетно се реновираат и реконструираат амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје...

Ќе се унапредат здравствените услуги и ќе се подобри здравствената заштита на жените во Македонија со новата инвестиција на Клиниката на гинекологија и акушерство во Скопје. Ќе се обновуваат амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети. Активностите ќе траат 5 месеци и за тоа време клиниката ќе работи тековно.

Надлежните најавија поефикасна и поквалитетна дијагностика и третман и намалување на листите на чекање на Клиниката.

Премиерот Мицкоски до крајот на неделата го чека предлогот на коалицијата „ВРЕДИ“ за прв човек во здравство. Ако процени дека не може да се соработува ќе каже „не“. Призна дека во здравството има натрупани проблеми, кои ќе се решаваат, а тој лично ќе се фокусира за подобрување на состојбите.

Од стратешкиот договор со Британија ќе се гради Клиничкиот центар во Штип и кичевската болница, коишто се градат со децении.

Наташа Јанчиќ-Менковски