Свет
Во Мадрид убиен поранешниот украински политичар Андриј Портнов
21.05.2025 15:35
Непознати напаѓачи го застрелале 51-годишниот Украинец пред влезот на елитно американско училиште додека ја оставал неговата ќерка...

Во Мадрид, убиен поранешниот украински политичар Андриј Портнов, кој беше висок функционер во мандатот на претседателот Виктор Јанукович.
Непознати напаѓачи го застрелале 51-годишниот Украинец пред влезот на елитно американско училиште додека ја оставал неговата ќерка. Се верува дека во нападот учествувале две или три лица. Истрагата е во тек.
Портнов служеше во администрацијата на Јанукович од 2010 до 2014, а потоа ја напушти земјата. Во 2021, САД му воведоа санкции за учество во корупција во Украина, особено во судството.
