Комисијата за здравство ја продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“...

На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.
Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.
Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска на вчерашната расправа истакна дека ИЈЗ во координација со Министерството за здравство презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.
Андоновска рече дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.
